(Галерија) Со кој се сè сретна претседателката Сиљановска Давкова во Њујорк

Македонската претседателка Гордана Сиљановска Давкова ја предводеше македонската делегација за 80. Генерално собрание на Обединетите нации (ОН), кое се одржа во Њујорк, САД.

Во делегацијата беа и министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, како и министерот за eвропски прашања Орхан Муртезани.

Претседателката, освен што имаше свое обраќање од говорницата во ОН, во Детроит, се обрати и на свеченоста по повод 20. годишнината од основањето на Обединетата македонска дијаспора, а присуствуваше и на приемот што го приредија претседателот на САД, Доналд Трамп и неговата сопруга Меланија Трамп, по повод 80. Генерално собрание на ОН.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Зарем треба да се најдеме на дневниот ред на Советот за безбедност, за ЕУ да го деблокира нашето проширување, праша претседателката Сиљановска Давкова од говорницата во ОН

Сиљановска Давкова одржа и предавање на Светскиот лидерски форум при Универзитетот Колумбија во Њујорк, а присуствуваше и на одбележувањето на 30 годишнината од воспоставувањето на дипломатските односи со САД.

Имаше средба со Брендан Ханрахан, шеф на Бирото за европски и евроазиски прашања во американскиот Стејт Департмент, се обрати на сесијата посветена на 30 годишнината од Светската програма за млади, којашто се одржа во рамките на 80. Генерално собрание на ОН, а беше и на прием организиран од Меѓународниот центар „Низами Ганџави“.

Беше и дел од работната средба за лидерите од Западен Балкан, организирана од високата претставничка на Европската Унија за надворешни работи и безбедносна политика, Каја Калас, а имаше средба и со генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш.

Се обрати и на самитот ,,Конкордија”, којшто се одржуваше паралелно со Генералното собрание на ОН, беше на прием организиран од Американско-балканската стопанска комора, како и на тематски работен ручек „Women Rise for All“, приреден од заменик генералната секретарка на ОН, Амина Мохамед.

Се обрати и на состанокот на високо ниво по повод 30 годишнината од Четвртата светска конференција за жените, во рамки на 80. Генерално собрание.

Фото: Кабинет на претседателката

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести