Гаши примен во болница поради преплет на црева

Претседателот на Собранието, Африм Гаши доцна синоќа бил примен на Клиниката за дигестивна хирургија.

Директорот на Клиниката, Огнен Костовски за 360 Степени вели дека Гаши бил примен со болки и тегоби во стомачната регија и дека се работело за преплет на црева.

Гаши се третирал медикаментозно, засега без оперативен зафат.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Состојбата на Гаши стабилна, се вршат детални лекарски прегледи, велат од Собрание

Фото: Собрание

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести