Претседателот на македонското Собрание, Африм Гаши, е пуштен од болница.
Тој поради преплет на цревата два дена беше на Универзитетската клиника за дигестивна хирургија.
Од неговиот Кабинет информираат дека по спроведувањето на сите потребни медицински прегледи, неговата здравствената состојба била добра и стабилна.
Од таму велат и дека тој ќе продолжи со своите институционални активности во согласност со медицинските препораки.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Гаши примен во болница поради преплет на црева
.Фото: Собрание