350. илјади евра не биле на Ристов, туку нивни, тврдат родителите на судијата

Парите кои беа пронајдени во домот на родителите на осомничениот судија Ѓоко Ристов од Апелацискиот суд Скопје не биле негови. Во записникот при претресот во Неготино, кога во ѕид беа најдени 350 илјади евра, родителите рекле дека тоа биле нивни пари.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Позади ѕидна плочка, во алуминиумски ролни спакувани 350.000 евра: МВР поднесе кривична за судијата Ристов и откри детали од акцијата

Информацијата за ТВ 24 ја соопшти адвокатот на Ристов,Звонко Давидовиќ.

Тој најави жалба за одлуката на Основниот кривичен суд Скопје, Ристов да оди во куќен притвор и да остане без пасош.

Според неговиот адвокат истрагата во која Ристов е осомничен и за противправно стекнување и прикривање имот била „правно проблематична“ и оти таа „не може да се примени врз судија“. 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

„Човекот верувал во цврсти институции“: Лавина реакции за судијата Ѓоко Ристов, на кој му најдоа 350.000 евра скриени во ѕид

Судијата Ѓоко Ристов остана без имунитет и пасош, оди во куќен притвор

Каков имот пријавил судијата Ѓоко Ристов, во чиј дом се најдени 350.000 евра, скриени во ѕид

Фото: Унсплеш

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести