„Човекот верувал во цврсти институции“: Лавина реакции за судијата Ѓоко Ристов, на кој му најдоа 350.000 евра скриени во ѕид

Судијата од Апелацискиот суд Скопје, Ѓоко Ристов е топ тема во јавноста и на социјалните мрежи, откако во домот на неговите родители во ѕид беа најдени 350.000 евра.

Засега за него не е побарано притвор или друга мерка од страна на Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција, кое ја води истрагата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Никој не кажува каде е судијата Ѓоко Ристов, на кој му најдоа 350.000 евра скриени во ѕид

Нема ни информација каде се наоѓа.

Доколку Обвинителството побара притвор, дозвола ќе треба да даде Судскиот совет, оти има судски имунитет.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

За судијата Ѓоко Ристов засега нема притвор оти има имунитет: Кој може да му го одземе?

Како што информираа од Обвинителството претресот во домот на неговите родители, но и на други локации е проширување на истрагата од 14. декември во која е осомничен поранешниот државен правобранител и адвокат Фехми Стафа.

Како што е познато тој е осомничен за примање поткуп од 50.000 евра кои ги добил од сестрата на осомничениот за случајот “Синџир“, Љупчо Пецов – Ѓаволот, за да влијае кај судија на Апелација тој да не оди во притвор.

Еве дел од реакциите на Х:

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Каков имот пријавил судијата Ѓоко Ристов, во чиј дом се најдени 350.000 евра, скриени во ѕид

Кој е Фехми Стафа, поранешниот државен правобранител, кој заврши во притвор за потпкуп од 50 илјади евра

Каков имот пријавил Фехми Стафа, поранешниот државен правобранител, кој заврши во притвор за поткуп од 50 илјади евра

Фото: Унсплеш

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести