(Фото) Ѓорѓиевски и официјално ја презеде градоначалничката функција, ја испрати Арсовска со цвеќе

Новиот градоначалник на Скопје, Орце Ѓорѓиевски и официјално ја презеде функцијата денеска и неговата претходничка Данела Арсовска ја испрати со букет цвеќе.

„Од денес, градот Скопје е слободен, отворен и достапен за сите! Во просториите на Град Скопје денес се изврши чинот на примопредавање на функцијата градоначалник. Од овој ден испишуваме ново поглавје во историјата на нашиот град. Поглавје исполнето со работа, посветеност и резултати.

Ветивме дека ќе работиме чесно, одговорно и без одлагање и тоа започнува веднаш. Во 20:30 часот започнува големата акција за чистење на градот.

Во следните 72 часа ќе го исчистиме секој агол, секоја улица, секој запуштен простор.Скопјани повеќе нема да живеат во запуштеност ќе живеат во град достоен за нив. Тоа е она што го ветив пред вас и за што цврсто стојам! Ги отстранивме и рампите. Скопје повеќе нема да биде затворен град, сега е отворен и за медиумите и за сите граѓани,“ напиша Ѓорѓиевски на социјалните мрежи.

Тој најави и целосна ревизија на работата на градската администрација, секој што се огрешил во работењето ќе биде избркан.

Фото/Фејбук-Ѓорѓиевски

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести