10-годишно дете каснато од глушец на игралиште во Капиштец, глодари поради сметот шетаат низ Скопје

Алармантната состојба во главниот град на Македонија, Скопје, со несобраниот смет, е топ тема во јавноста и на социјалните мрежи.

Освен што градот е претупран со смет, микоробилозите предупредуваат дека таквата состојба ќе придонесе и за размножување на глодарите, но и ширење на болести.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

„Стаорците нема да чекаат втор круг на избори“, предупредува за сметот во Скопје докторот Пановски

Вчера, како што јави телевизијата Сител на детско игралиште во населбата Капиштец од глушец беше каснато 10-годишно дете, додека си играло со другите деца.

Скопските општини вчера се договорија сами да се организираат за чистење на градот со сопствена механизација, бидејќи јавното претпријатие “Комунална хигена“ не го собира сметот со денови, а помош ќе се бара и од други градови.

Во претпријатието се прави и вонреден надзор, а има најави дека тоа ќе се случи и во Град Скопје, кој е надлежен за работата на “Комунална хигена“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кои болести ги пренесуваат глодарите, кои се новата опасност од несобраниот смет во Скопје

Наместо запалки и пенкала, ѓубре за гласачите во Скопје

Вонреден надзор во „Комунална хигиена“ за сметот во Скопје

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести