Анализирано на годишно ниво, вкупните депозити бележат раст од 12,4%, при раст на депозитите на двата сектора, со поизразен придонес кон растот од депозитите на секторот „домаќинства“, велат од Народна банка.
На годишна основа, вкупните кредити бележат раст од 12,9% под влијание на растот на кредитите кај двата сектора, со малку поизразен придонес на корпоративниот сектор.