Во јули инфлацијата 4,8%

Индексот на трошоците на животот во јули 2025 година, во однос на јули 2024 година, бележи зголемување од 4.8%, а индексот на цените на мало бележи зголемување од 5.3%, објави Државниот завод за статистика.     

Инфлацијата мерена преку индексот на трошоците на животот во јули во однос на јуни 2025 година, изнесува 1,1%. 

Повисоката инфлација во јули 2025 година, во однос на јуни 2025 година, е резултат на зголемувањето на трошоците на животот во следните групи: Транспорт за 9.9%, Рекреација и култура за 2.1%, Ресторани и хотели за 1.2%, Мебел, покуќнина и одржување на домаќинствата за 0.7%, Здравје, Храна и безалкохолни пијалаци за 0.3% и Облека и обувки, Домување, вода, електрика, гас и други горива за 0.1%.     

Во јули 2025 година, во однос на јуни 2025 година, намалување на трошоците на животот е забележано во следните групи: Разновидни стоки и услуги и Алкохолни пијалаци, тутун и наркотици за 0.1%.     

Трошоците на животот во групите Комуникации и Образование остануваат на исто ниво како и во претходниот месец.       

Цените на мало во јули се зголемиле за 3,1% во однос на јуни.

Фото: Unsplash

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести