Продолжува трендот на поскапување на горивата: Бензинот за половина, а дизелот за еден денар

Од вечерва на полноќ цената на бензините Еуросупер БС-95 и Еуросупер БС-98 се зголемува за половина, а на дизелот за еден денар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ).

Бензниот Еуросупер БС-95 со новата одлука ќе се продава за 74,50 денари за литар, а Еуросупер БС-98 за 76,50 денари за литар.

Дизелот ќе се продава за 72 денари за литар.

Цената на мазутот пак се намалува за 0,5 денари, и сега ќе изнесува 36,4 денари по килограм.

Цената на Екстра лесното масло за домаќинство останува иста – 69,5 денари за литар.

Фото: Унсплеш

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести