Во Општина Гостивар ќе има повторување на првиот круг од локалните избори, бидејќи немало доволна излезност, информираа од Државната изборна комисија (ДИК).
Излезноста во Општина Гостивар била 33,31%, а според Изборниот законик, за изборите да бидат успешни, треба да излезат најмалку една третина од гласачите или 33,33%.

Таму на гласањето во недела според ДИК најмногу гласови освои кандидатот на ДУИ и коалицијата, Валбон Лимани, кој е кадар на крилото на Арбен Таравари од Алијансата за Албанците, кој освои 61,39% од гласовите.
Втор беше Себаедин Даути, кандидат на коалицијата Вреди, кој освои 15,29% од гласовите.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Изборите во три општини ќе се повторат бидејќи немаше доволна излезност
Повторување на првиот круг од истите причини како што веќе пишуваше еМагазин ќе има и во општините Маврово и Ростуше, каде излезноста била 30,01%, Врапчиште (25,18%) и во Центар Жупа (21,49%).
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ДУИ и коалицијата добија четири градоначалници во првиот круг
Вреди доби пет градоначалници во првиот круг
Меџети стана градоначалник, кој ќе биде нов прв вицепремиер?
Фото: Игор Бансколиев