Три месеци по трагедијата во Кочани вчера од Основното јавно обвинителство (ОЈО) информираа дека е поднесено обвинение за пожарот во т.н. дискотека/кабаре “Пулс“ во Кочани, во кој загинаа 62 лица, а беа повредени 203, а со истото се опфатени 34 физички и три правни лица.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Кој сè е обвинет за пожарот во Кочани
Меѓу обвинетите, чии имиња не беа спомнати од страна на ОЈО се и тројца поранешни градоначалници на Општина Кочани.
Станува збор за поранешните градоначалници Ратко Димитровски, Николчо Илијев и Љупчо Папазов, кој беше на функција до пожарот, па под притисок на јавноста си поднесе оствка.
Тие според ОЈО се обвинети бидејќи никогаш не ги известиле Министерството за внатрешни работи и Министерството за економија дека т.н. дискотека/клуб “Пулс“ работи со неправилности и не ги исполнува условите за работа.
Тие воопшто не наредиле ни надзор и контрола, а примале месечно 2.000 евра на општинската сметка.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Кои поранешни министри се обвинети, а кои не за пожарот во Кочани
Каков имот пријавил Александар Нацев, кој доби притвор за пожарот во Кочани
Фото: Игор Бансколиев