Граѓани од Словенија донираа лепенки за третман на лузни за повредените во Кочани

Денеска Супорт Кочани прими донација од 4.070 силиконски лепенки за третман на лузни, информираат од таму.

„Лепенките се донирани од граѓани кои живеат во Словенија, како и од словенечка фирма. Транспортот беше овозможен со поддршка од компанијата Белдона ММС.

Упатуваме голема благодарност до граѓаните и фирмата што беа вклучени во донацијата, до возачите на Белдона ММС и самата фирма, кои беспрекорно се погрижија за логистичкиот дел и за помалку од четири часа овозможија донацијата да стигне до нас.

Оваа донација е уште еден потсетник дека вистинската поддршка понекогаш доаѓа таму каде што најмалку ја очекуваме – од срцата на обичните луѓе, преку граници и без големи зборови,“ велат од Супорт Кочани

Фото: Фејсбук/Супорт Кочани

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести