Изминатиов период речиси секојдневно по неколку часа граничните премини кон Грција беа блокирани од страна на грчките земјоделци, кои протестираат.
Како што пренесуваат грчките медиуми за време на Нова Година и католички Божик, тие ќе ги паузираат блокадите на граничните премини.
Блокадите на граничните премини ќе бидат прекинати од вторник, 23. декември, до недела, 28. декември 2025 година и од вторник, 30. декември, до недела, 4. јануари, 2026 година.
Грчките земјоделци ги почнаа протестите на 30 ноември.
Фото: Влада














