Како работел Гранит во првото полугодие

Гранит АД Скопје во првите шест месеци од годинава остварил позитивни финансиски резултати искажани во неревидираните единечни финансиски извештаи, соопшти Друштвото преку Македонската берза.

-Остварените единечни вкупни приходи во периодот јануари – јуни 2025 година изнесуваат 1.411.159 илјади денари и во споредба со остварените во истиот период 2024 година бележат намалување.

Приходите од продажба за периодот јануари – јуни 2025 година изнесуваат 1.170.815 илјади денари и во споредба со остварените во истиот период 2024 година бележат намалување пред се пред се како резултат на фактот дека неколку поголеми проекти на кои работеше Друштвото се завршени до крајот на 2024 година, додека нови проекти сеуште се во тендерска процедура.

Финансиските приходи за периодот јануари – јуни 2025 година изнесуваат 147.600 илјади денари и во споредба со остварените во истиот период 2024 година бележат зголемување пред се како резултат на повисоката добиена дивиденда од акциите во Комерцијална банка АД Скопје.

Остварените единечни  вкупни расходи во периодот јануари – јуни 2025 година се во износ од 1.249.229 илјади денари, споредено  со истиот период 2024 година бележат намалување и истото е соодветно на намалувањето на приходите од продажба.

Во периодот јануари – јуни 2025 година, Друштвото оствари позитивен резултат (добивка) во износ од 161.930 илјади денари, додека вкупната сеопфатна добивка изнесува 161.816 илјади денари поради малата промена на пазарната вредност на портфолиото акции кои ги поседува Друштвото во првата половина на 2025 година, велат од таму.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Договор од 6,5 милиони евра склучи ЈП за државни патишта со Гранит

Договор од 1,3 милион евра склучи ЈП за државни патишта со Гранит

Членови на УО и НО на Гранит купија акции на компанијата

Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести