Остварените единечни вкупни приходи на Гранит АД Скопје во првите девет месеци од годинава изнесуваат 2.068.174 илјади денари и во споредба со остварените во истиот период 2024 година бележат намалување за 25%, соопшти Друштвото преку Македонската берза.
-Приходите од продажба за периодот јануари – септември 2025 година изнесуваат 1.799.903 илјади денари и во споредба со остварените во истиот период 2024 година бележат намалување за 31%, пред се како резултат на фактот дека неколку поголеми проекти на кои работеше Друштвото се завршени до крајот на 2023 година или во текот на 2024 година, додека нови проекти сеуште се во тендерска процедура.
Финансиските приходи за периодот јануари – септември 2025 година изнесуваат 150.276 илјади денари и во споредба со остварените во истиот период 2024 година бележат зголемување за 35%, како резултат на повисокиот износ на добиена дивиденда од акции кои ги поседува Друштвото.
Остварените единечни вкупни расходи во периодот јануари – септември 2025 година се во износ од 1.898.317 илјади денари, споредено со истиот период 2024 година бележат намалување за 28% и истото е соодветно на намалувањето на приходите од продажба.
Во периодот јануари – септември 2025 година, Друштвото оствари позитивен резултат (добивка) во износ од 169.857 илјади денари, додека вкупната сеопфатна добивка изнесува 78.783 илјади денари, и е помала од добивката пред се поради останатата сеопфатна загуба во износ од 91.074 илјади денари, која произлегува како резултат на евидентирана нереализирана загуба од намалување на пазарната вредност на портфолиото акции кои ги поседува Друштвото во 2025 година, велат од таму.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Како работел Гранит во првото полугодие
Српската Bard-Kop купи нови 2.700 акции на Гранит
Членови на УО и НО на Гранит купија акции на компанијата














