Цената на сет лежалки во Грција од 10 до 20 евра, без пијалок

Цените во Грција годинава уште во предсезона се повисоки споредено со лани.

Агенцијата Рина пишува дека просечната цена на сет од две лежалки плус чадор на Халкидики, омилената дестинација за летување и на македонските граѓани, се движи од 10 до над 20 евра, зависно од локацијата, но без пијалок, како што беше претходно.

Просечната цена на кафето и сок е 4 евра, оброк на плажа – гиро, сувлаки или бургер – до 8 евра, а јадење во ресторан може да ве чини и до 50 евра за едно просечно семејство, пишува агенцијата.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести