Грција од Македонија бара целосно да го почитува Договорот од Преспа

На заедничката прес-конференција со македонскиот министер за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска во Атина, Грција, неговиот грчки колега Јоргос Герапетритис меѓудругото побара Македонија целосно да го почитува и имплементира Договорот од Преспа.

„Дозволете ми да ја подвлечам важноста од целосната и bona fide имплементација на Преспанскиот договор, вклучително е користењето на уставното име на земјата ерга омнес (за севкупна употреба)“, рече Герапетритис, кој подвлече и дека Грција ја подржува Македонија на нејзиниот пат кон Европската Унија, базиран на принципот на заслуги, со особен акцент на фундаменталните вредности.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Муцунски во Атина се сретна со грчкиот колега Герапетритис, средбата ја отцени како конструктивна 

Фото: МНР

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести