И по седум Грција се уште не ги исполнила обврските од Договорот од Преспа

И по седум години од потпишувањето на Договорот од Преспа помеѓу Македонија и Грција, со кој нашата земја си го смени уставното име, јужниот сосед се уште не си ги спровел сите обврски, за разлика од македонската страна која ги спроведи речиси сите.

Грција се уште не ги сменила ни сообраќајните знаци на кои се уште стои име на земја која не постои, а единствениот знак кој го сменила е тој на кој пишувало Скопиа (како што се уште не викаат многу грчки граѓани, но и политичари) во Скопје.

Објаснувањето на грчките власти е дека локалните не сакале да ги сменат знаците.

Грција се уште ги нема имплементирано и трите меморандуми за соработка помеѓу двете земји потпишани во 2019 година, а за првпат доставени во грчкиот Парламент за гласање во септември 2020 година.

Оправдувањето за тоа на актуелната власт е дека ќе го направиле тоа кога ќе процениле дека е во нивни национален интерес.

Не функционира ни Советот за соработка на високо ниво предводен од премиерите на двете земји кој требаше да се состануваат најмалку еднаш годишно, а тој Совет да биде надлежно тело за правилно и делотворно спроведување на Договорот и Акцискиот план кој ќе произлезе од истата.

До сега исто така се има одржано само една меѓувладина седница помеѓу двете земји, во Скопје во април 2019 година, а на втората требаше домаќин да биде Грција.

Македонија освен што си го смени уставното име, ги смени и пасошите, регистарските таблици, имињата на институциите, министерствата…

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Што бараат бугарските и грчките европратеници да биде вметнато во извештајот на ЕП за Македонија

Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести