Грција реагира на изјавата на Мицкоски „дека го вратил името“

Изјавата на премиерот Христијан Мицкоски за телевизијата Сител од пред неколку денови “дека го вратил името“ на државата, посочувајќи дека и опозициската СДСМ почнала да употребува Македонија, предизвика реакција од грчкото Министерство за надворешни работи (МНР).

Од таму меѓу друго велат дека Грција немало да дозволи било каков обид за „фалсификување на содржината на Преспанскиот договор“ и дека од примената на Договорот и зависи европската судбина на Македонија.

„Во меѓународните договори нема де факто ситуации, нивната примена е униформна и универзална. Напредокот во билатералните односи со Северна Македонија и непреченото продолжување на европскиот пат на соседот бараат строго придржување до договорите и почитување на принципот на добрососедски односи“, велат од грчкото МНР, посочувајќи дека уставното име на нашата држава е Северна Македонија и дека Преспанскиот договор е дел од нејзиниот устав и е “апсолутно обврзувачки за двете страни, како на меѓународно, така и на домашно ниво“.

„Преспанскиот договор е дел од меѓународното право и неговото почитување е основа за мирен соживот на народите и државите“, велат од таму.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Што се бара од Македонија во заклучоците на Советот на ЕУ, кои Унгарија ги блокира

Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести