Почина 69-годишен маж: Втора жртва на грипот оваа сезона

Уште едно лице почина од сезонски грип оваа сезона.

Станува збор за 69-годишен маж од внатрешноста на земјава.

Починал на Инфективната клиника во Скопје, а бил со комордбидитети како хронична опструктивна белодробна болест и кардиомиопатија и не бил вакциниран против сезонски грип, информираа денеска од таму.

Како што објасни директорот на Клиниката, Фадил Цана, тој бил донесен во исклучително тешка општа состојба со развиена масивна бронхопневмонија.

Бил третиран во Одделот за интензивна нега, а бил поставен и на механичка вентилација,

Симптомите кај него траеле пет дена пред приемот во болницата.

Моментно на оваа Клиника се хоспитализири околу 30 пациенти со грип, а еден пациент е на механичка вентилација.

Минатата недела на Универзитетската клиника за инфективни болести и фебрилни состојби во Скопје од компликации поради грип почина 75-годишна жена.

Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести