Пожарот во рециклаторен центар во Трубарево се гасне со хермелин, два хеликоптера, ер-трактор, сите возила на скопската Противпожарна служба, три БТР возила, информираше директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов. Во овој момент нема повредени лица, повикани се дополнителни противпожарни камиони, за смена на пожарникарите кои се дел и внатре во чадот со заштитни маски или специјални боци со кислород.
Според него, се работи за намерно подметнат пожар, бидејќи не е едноставно да се запали ваков објект.
„Да се случат волку тешки пожари, кои предизвикуваат големо загадување, се работи за намерно подметнат пожар. Веднаш до нивните објекти има уште два објекти во кои има поголема количина на пластичен отпад, а се делумно зафатени од пожарот. Нашата прва цел е да не се дозволи ширење на пожарот, затоа сите ресурси кои ги имаме во Скопје се насочени тука,“ изјави Ангелов.
Во објектот се наоѓа големото количество пластика, која предизвикала густ и црн чад.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео) Гори рециклаторен центар во скопско Трубарево, соработници на „Нула Отпад“
Фото/Принтскрин-видео