На денешното рочиште за пожарот во т.н. дискотека “Пулс“ во Кочани сведочеше и инспекторка за животна средина во Општина Кочани.
Таа меѓу друго кажа дека во 2022 година утвридила дека т.н. дискотека работи под нова фирма, ама не извршила надзор оти сметала дека станува збор за субјекти што немаат влијание врз животната средина.
Појасни дека според нејзиниот годишен план за работа требало да го контролира кафе-барот „Класик“, каде вистински сопственик е исто така првообвинетиот Дејан Јованов Деко и при редовен надзор дознала дека постои и подружница кабаре „Пулс“, и дека правниот субјект „Класик ДМ“ ДОО, на кој бил одобрен елаборатот, бил затворен.
Откако го констатирала тоа не се вратила повторно да изврши надзор.
Рече и дека за вршење вонредни надзори или контрола по лично забележани неправилности при рутински обиколки бил потребен налог, кој го издава градоначалникот или секретарот на Општината.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Ако подзадоцневме неколку секунди, немаше да излеземе, кажа сведок на судењето за „Пулс“
Фото: Игор Бансколиев














