Владејачката коалиција Вреди објави 14 кандидати за градоначалници за престојните локални избори.
За Тетово, како што беше веќе и најавено кандидат е актуелниот градоначалник, Биљал Касами, за скопски Чаир, како и што се шпекулираше – првиот вицепремиер и министер за животна средина и просторно планирање, Изет Меџити, во Струга коалицијата како што е познато ќе го поддржи независниот кандидат Менди Ќира, во Кичево кандидат е министерот за социјална политика, демографија и млади, Фатмир Лимани, во Дебар, заменик-директорот на Управата за јавни приходи, Фисник Мела, за Град Скопје е директорот на Дирекцијата за општи услуги во Универзитетскиот клинички центар во Скопјe, Башким Бакиу, во Сарај е директорот на претпријатието „Номагас“, Мухамед Елмази, во Липково, директорот на Државните резерви на нафта, Неџмедин Садику, во Арачиново Даут Беќири, во Желино актуелниот градоначалник, Блерим Сејдиу, во Теарце директорот на Бирото за регионален развој, Даут Мемиши, во Боговиње, Фети Абази, во Брвеница, директорот на Државниот инспекторат за локална самоуправа, Хаќим Рамадани и во Долнени, наставникот Блерим Ислами.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Кои се кандидатите за градоначалничи на Алијанса за Албанците на Села за Струга, Дебар и Арачиново
Бујар Османи кандидат на ДУИ за градоначалник на Чаир, кои се кандидатите за Тетово и Желино
Фото: Меџити/Фејсбук