Освен македонскиот премиер Христијан Мицкоски, на 56. Светски економски форум во Давос, Швајцарија, ќе оди и првиот вицепремиер и министер за европски прашања, Беким Сали.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Мицкоски ќе ја преставува Македонија: Утре почнува Светскиот економски форум во Давос
Засега нема информации дали и некој друг ќе оди на Форумот, на кој е најавено присуство на 3.000 учесници од 130 земји, од кои околу 400 се високи политички функционери, вклучувајќи околу 65 шефови на држави и влади, како и 850 извршни директори и претседатели на водечки глобални компании.
Сали ќе се обрати на Форумот во рамки на панел-дискусија, на која ќе се разговара за климатските промени, конфликтите и социјалната грижа.
На Форумот се очекува и присуство на американскиот претседател Доналд Трамп, германскиот канцелар Фридрих Мерц, претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, генералниот секретар на Обединетите нации, Антонио Гутереш, генералниот директор на Светската трговска организација, Нгози Оконџо-Ивеала, претседателот на Групацијата на Светска банка, Аџај Банга, директорката на Меѓународниот монетарен фонд, Кристалина Георгиева…
Истиот ќе трае до 23. јануари.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Кој е Беким Сали, новиот министер за европски прашања
Каков имот пријавил Беким Сали, новиот министер за европски прашања
Фото: Сали/Фејсбук













