По Израел и САД го нападна Иран

По Израел и САД го нападна Иран.

Американскиот претседател Доналд Трамп синоќа информираше дека во Иран се нападнати трите главни нуклеарни постројки на земјата: Натанц, Исфахан и Фордо, предупредувајќи дека ќе има уште поголеми напади, ако Иран не се согласи на мир.

„Клучните нуклеарни постројки за збогатување ураниум на Иран се целосно и тотално уништени“, изјави тој меѓудругото.

Иран пак најави одмазда и од Обединетите нации побара итен состанок на Советот за безбедност, а израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху му честиташе на Трамп за неговата „смела одлука“.

Американскиот напад може дополнително да ја заостри војната помеѓу Израел и Иран, а истата да се прошири и на Блискиот Исток.

Остатокот од светот веќе ги чувствува последиците од војната помеѓу Израел и Иран. Цената на нафтата продолжува да расте, што придонесе и до зголемување на цената на горивата и во Македонија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Дизелот поскапе за уште 2 денари

Ако продолжи војната помеѓу Израел и Иран, инфлацијата ќе не дотепа

Фото: Фејсбук/Армија на Израел

.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести