И Шпаркасе Банка ги намалува тарифите и надоместоците за физичките и правните лица

Од Шпаркасе Банка информираа дека од 1. октомври ќе ги намалат тарифите и надоместоците за 15 услуги наменети за физички лица и за шест услуги наменети за правни лица.

Одредени надоместоци како што велат од Банката се намалуваат и до 70%.

Целосно се укинува надоместокот за реализирање интерни електронски налози и за уште пет други услуги.

За над 60% се намалува надоместокот за реализирање електронски налози преку МИПС.

За над 30% се намалува надоместокот за реализирање хартиени безготовински налози преку МИПС во експозитурите на Банката.

За 70% се намалува надоместокот за реализирање хартиени готовински налози преку МИПС во експозитурите на Банката.

За над 50% се намалува надоместокот за реализирање хартиени готовински налози преку МИПС во експозитурите на Банката, и за клиенти од други банки.

За над 15% се намалува надоместокот за реализирање електронски налози преку КИБС.

За 10% се намалува надоместокот за реализирање хартиени безготовински налози преку КИБС во експозитурите на Банката.

Од таму информираат и дека Банка продолжува да нуди целосно бесплатна услуга и пакет за млади Vibe On, кој вклучува бесплатно одржување сметка, користење мобилно и електронско банкарство, дебитна картичка и други банкарски услуги без надоместок. Овој пакет е наменет за сите млади лица на возраст до 25 години.

Целосно се укинуваат четири административни надоместоци за правни лица.

До 50% се намалуваат трошоците од редовната тарифа за МИПС-налози преку електронско банкарство.

До 35% се намалуваат трошоците од редовната тарифа за интерни трансакции (помеѓу сметки во Шпаркасе Банка) реализирани преку електронско банкарство.

Повеќе детали за намалување на надоместоците за физички и правни лица се достапни на следните линкови: измени за физички лица и измени за правни лица.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

НЛБ Банка укинува и намалува надоместоци во домашниот и меѓународниот платен промет

Комерцијална банка укинува и намалува повеќе надоместоци за физички и правни лица

И УНИ Банка со намалени надоместоци за физички и правни лица

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести