Владата денеска именуваше повереници за општините Маврово Ростуше, Центар Жупа, Врапчиште и Гостивар, во кои на локалните избори не се избраа градоначалници, и каде на 11. јануари ќе има гласање од почеток.
Причината беше што во тие општини не беше исполнет цензусот за излезност од 33,33%.
Онер Јакупоски е именуван за повереник за општина Маврово Ростуше, Аријан Ибраим за повереник за Центар Жупа, Буњамин Кадриу за Врапчиште и Фадил Џелили за Гостивар.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ














