Аки Акиов, советникот на Партијата за демократски просперитет на Ромите во Општина Кочани е во фокусот на јавноста и медиумите откако за време на седница на Советот на Општината со пластично шише удри службеничка која заврши во болница на преглед.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Шишето беше наменето за координаторот на советничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Мирче Стојков, со кој Акиов влезе во вербална расправија, а на крај сакаше и физички да се пресмета со него.
Други советници, како и вработени во Општината, меѓу кои и в.д. градоначалникот Венко Крстевски, спречија поголем инцидент, а интервенираше и полицијата.
Дали правно ќе одговара Акиов, останува да видиме.
На седницата требаше да се расправа за дивоградбите и состојбата во Кочани по трагедијата.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Кој е советникот Аки Акиов кој удри службеничка во Општина Кочани со шише
Каков имот пријавил
На свое име пријавил куќа во Кочани од 50 метри квадратни, а куќа од 123 метри квадратни пријавил и на име на сопругата.

Вози „форд фокус“.

На име на сопругата пријавил и кредит од 610 илјади денари, кој треба да се врати до 2030 година.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Советникот Акиов мора правно да одговара, вели градоначалникот на Кочани, Крстевски
Фото: Акиов/Фејсбук