Орце Ѓорѓиевски, кандидатот на владејачката ВМРО-ДПМНЕ и кандидатот на опозициската Левица, Амар Мециновиќ, влегоа во вториот круг од локалните избори за избор на градоначалник на Град Скопје, кој ќе се одржи на 2. ноември.
Ѓорѓиевски е актуелен градоначалник на скопската општина Кисела Вода, а Мециновиќ е пратеник во македонското Собрание.
еМагазин разгледа каков имот пријавил Ѓорѓиевски до Антикорупциската комисија.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Каков имот пријавил
На негово име пријавил два стана во Скопје.

На име на родителите пријавил две куќи во Чашка, како и градежно земјиште.

Вози две возила, а исто така возило пријавил и на име на родителите.

Пријавил и кредит, кој е земен во 2020 година, но не дал податок до кога треба да се исплати и на чиво име е.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Каков имот пријавил Амар Мециновиќ, кој влезе во вториот круг за избор на градоначалник на Скопје
Во кои скопски општини ќе има втор круг
Фото: Ѓорѓиевски/Фејсбук