Јадранка Дабовиќ Анастасовска не е повеќе уставна судијка.
Откако поднесе оставка поради лични и здравствени причини, македонското Собрание вчера ја констатираше истата.
Таа не ја образложи пред пратениците.
Уставниот суд по нејзината оставка остана со седум судии, а треба да има девет.
еМагазин разгледа каков имот пријавила до Антикорупциската комисија кога станала уставна судијка.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Која е уставната судијка Јадранка Дабовиќ Анастасовска, која поднесе оставка
Каков имот пријавила
На свое име пријавила недвижен имот во скопска Гази Баба, а на име на сопругот во Центар.

Вози “киа“, а возила пријавила и на име на децата и сопругот.

На свое име има и кредит, кој треба да го исплати до 2038 година.

Пријавила и друг приход.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Собранието ја констатираше оставката на уставната судијка Јадранка Дабовиќ Анастасовска














