Индустриското производство во мај со раст од 9,4%

Од Државниот завод за стистика информираа дека индустриското производство во мај бележи раст од 9,4% во споредба со истиот период лани.

Најголем раст има во секторот Производството на електрична опрема од 31,2%, во секторот Производство на моторни возила, приколки и полуприколки од 21,8%, во Рударство и вадење камен од 18,8% и Производство на машини и уреди од 18,4%.

Во Преработувачката индустрија пак има раст од 9%.

Најголем пад има кај секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација од 11,8%, Трајни производи за широка потрошувачка од 9% и Енергија за 8%.

Фото: Унсплеш

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести