Индустриското производство во август намалено за 3.5%

Индустриското производство во август 2025 година е намалено за 3.5% во однос на август 2024 година, соопшти Државниот завод за статистика.

Индустриското производство во секторот Рударство и вадење на камен во август 2025 година, во однос на август 2024 година, бележи пораст од 7%, во секторот Преработувачка индустрија бележи опаѓање од 1.4%, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација опаѓање од 26.8%. 

Намалувањето во секторот Преработувачка индустрија е резултат, пред сѐ, на намаленото производство во следните оддели: Производство на прехранбени производи, Производство на текстил, Печатење и продукција на снимени медиуми (записи), Производство на основни фармацевтски производи и фармацевтски препарати, Производство на метали, Производство на фабрикувани метални производи, освен машини и опрема, Производство на машини и уреди, неспоменати на друго место и Производство на мебел. 

Според главните индустриски групи, производството во август 2025 година, во однос на август 2024 година, бележи опаѓање кај Енергија за 23.7%, Капитални производи за 12%, Трајни производи за широка потрошувачка за 9.1% и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 5.7%, додека пораст бележи кај Интермедијарни производи, освен енергија за 14.8%. 

Индустриското производство во периодот јануари – август 2025 година е зголемено за 2.2% во однос на периодот јануари – август 2024 година.

Фото: Унсплеш

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести