Индустриското производство зголемено за 2,3%

Индустриското производство во периодот јануари – септември 2025 година, во однос на истиот период лани е зголемено за 2,3 %, додека во септември е зголемено за 2,7 % во однос на истиот месец лани, објави Државниот завод за статистика.

Индустриското производство во секторот Рударство и вадење на камен во септември 2025 година, во однос на септември 2024 година, бележи опаѓање од 1,7 %, во секторот Преработувачка индустрија бележи пораст од 3,1 %, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација опаѓање од 2,5 %. 

Според главните индустриски групи, производството во септември 2025 година, во однос на септември 2024 година, бележи пораст кај Енергија за 1,6 %, Интермедијарни производи, освен енергија за 6,0 % и Капитални производи за 3,0 %, додека опаѓање бележи кај Трајни производи за широка потрошувачка за 5,6 % и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 0,6 %.

Фото: Unsplash

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести