Преполовени странските инвестиции во првата половина од годинава

Податоците на Народната банка покажуваат дека во првата половина од годинава во Македонија влегле директни странски инвестиции од 221,2 милиони евра.

Најголем дел се од Германија – 88 милиони евра и од Турција – 39 милиони евра.

Вкупните директни инвестиции бележат нето-приливи од 75,9 милиони евра, како резултат на нето-приливите кај реинвестирањето на добивката (127 милиони евра) и сопственичкиот капитал (18 милиони евра), при нето-одливи кај должничките инструменти (69,1 милион евра).

Споредено со истиот период претходната година, инвестициите се преполовени. Лани во првата половина тие изнесувале 573,6 милиони евра.

Фото: Унсплеш

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести