Инвестиции од 615,1 милиони денари и 21. ново вработување во Алкалоид во првото полугодие

Алкалоид АД Скопје во првите шест месеци од годинава имал инвестиции во основни средства од 615.184 илјади денари, соопшти компанијата преку Македонската берза.

-Во периодот јануари – јуни 2025 година во Алкалоид АД Скопје се реализирани 21 ново вработување во Македонија.

Со одлука на Управниот одбор на Алкалоид АД Скопје, во март 2025 година е одобрен и исплатен регрес во висина од 44.500 денари нето-износ за користење годишен одмор за вработените во компанијата.

Групацијата Алкалоид брои 3.027 вработени, од кои 2.269 се во земјава, а 758 се вработени во капитално поврзаните друштва во странство, велат од таму.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Како се движела цената на акцијата на Алкалоид во првото полугодие

Алкалоид со раст на консолидираните приходи и добивка во првото полугодие

Фото: Алкалоид

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести