Како и што најави, Иран со ракетни напади возврати на вчерашниот напад на Израел.
Земјата синоќа лансираше стотина балистички проектили и го проби израелски противвоздушен систем „железна купола“, погодувајќи цели околу и во Тел Авив, Еурусалим и централниот дел на Израел.
— Yemen Military 🇾🇪 (@Yemenimilitary) June 13, 2025
Во нападот загинаа најмалку три лица, а има и дестици повредени.
"Tel Aviv right now 🚀🔥🇮🇷" pic.twitter.com/MwB2kr16SI
— Iran Army (@I__military) June 13, 2025
Во вчерашниот израелски напад на Иран загинаа најмалку 78 лица, меѓу кои и високи воени лица и ирански нуклеарни научници. Ранети се најмалку 320 лица.
Израел продолжи со нападите и денеска, а исто го најави и Иран.
Светот е пред нова војна, која сериозно може да го погоди овој регион, но и да има последици насекаде. Цената на нафтата веќе почна да расте.
Бројни светски лидери го осудија нападот на Израел.
САД прво тврдеше дека нема врска со новата ескалација во регионот, но потоа призна дека му помогнал на Израел во пресретнувањето на иранските проектили.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео) Израел го нападна Иран, нова војна на повидок
Фото: архива/Армија на САД/видео: Х/Times News/Hindustan Times