Исчезнатиот Миле Тодоров виден покрај планината Серта, вели неговата сестра

Миле Тодоров (28) од Неготино, кој исчезна на 30. јануари, наводно бил виден покрај планината Серта, информираше на Фејсбук неговата сестра Марија Атанасиевиќ.

Според информации кои ги споделил очевидец со семејството, Тодоров бил доста ослабнат и имал подолга коса и брада.

По Тодоров се трагаше со недели, а единствено беше пронајден неговиот мобилен телефон.

Фото: Фејсбук

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести