Поради стечај исклучени од котација на Берзата обврзниците издадени од СН Осигурителен брокер Битола

Поради отварање на стечајна постапка, Македонската берза донесе одлука за исклучување од котација на обврзниците издадени од СН Осигурителен брокер АД Битола, информираа од таму.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Отворен стечај за Осигурителен брокер од Битола

-Одборот на директори на Македонската берза на седницата одржана на 26.05.2025 година донесе одлука за исклучување од котација на обврзниците со шифра SNBTO, издадени од СН Осигурителен брокер АД Битола, поради стечај на Друштвото, информираа од таму.

Обврзниците издадени од СН Осигурителен брокер се исклучени од котација на Официјалниот пазар на Берзата од 27.05.2025 година.

-Воедно, поради исклучувањето од котација на обврзниците издадени од СН Осигурителен брокер АД Битола, Друштвото ќе биде избришано и од „Листата за набљудување“ што се објавува на веб страница на Берзата, согласно член 61-а од Правилата за котација, велат од Берзата.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести