Претседателката Гордана Сиљановска Давкова ја врачи Големата годишна награда за најуспешно реализирано архитектонско дело во 2025 на авторите Искра Лековска и Владимир Лековски од архитектонското студио „Лелелеле“, за проектот Православен храм – црква „Св. Рамноапостоли цар Константин и царица Елена“ во Скопје.
„Архитектурата, како триаголник на наука, уметност и општествен ангажман, има суштинско влијание убавината и функционалноста на јавниот простор, односно врз квалитетот на урбаното живеење.
За авторите на награденото архитектонско дело, црквата „ Св. Константин и Св. Елена“ е метафора за македонската колективна меморија и идентитет и ја персонифицира хармонијата меѓу небото и земјата, духовното и световното, традицијата и современоста.
Наградата има силна, едукативна и инспиративна вредност за архитектонската фела и за младите архитекти,“ се вели од Кабинет на претседателот.


ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Фото) Како изгледа храмот „Св. цар Константин и царица Елена“, кој што ќе биде осветен














