Македонија е на 51. место на Глобалниот индекс на мирот на Институтот за економија и мир (IEP).
Од регионот од земјава подобро котираат Словенија, која е на 9. место, Хрватска, на 19. место, Црна Гора на 34. место, а полошо, Албанија која е на 52. место, Босна и Херцеговина, која е на 59. место и Србија, која е на 64. место.
На прво место е Исланд.
IEP рангира 163 независни држави и територии според критериуми како што се општата социјална безбедност, обемот на домашни и меѓународни конфликти и степенот на милитаризација.