Избегнување на сонце од 11 до 17 часот: ИЈЗ со препраки, поради екстремно високите температури

Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) излезе со препораки за заштита на населението поради најавените екстремно високи температури и зголемен ризик по здравјето.

ИЈЗ препорачува носење светла, лесна облека, капа и очила, престој во климатизирани простории или под сенка, затворање прозорци и ролетни во текот на денот, зголемен внес на вода, избегнување алкохол и засладени пијалаци, консумирање лесна, немасна храна, чести туширања или ладење на телото со облоги, почитување на редовната терапија кај хронично болните.

Доколку се појават симптоми како слабост, вртоглавица, сува уста, гадење или потешкотии со дишење, препорачливо е итно да се побара лекарска помош. Во случај на губење на свест, повикајте 194 или 112 и применете мерки за прва помош: преместување на лицето на студено место, хоризонтална положба со подигнати нозе, ладење со облоги и вода, без давање терапија.

Според ИЈЗ, кога амбиентната температура се приближува или ја надминува нормалната телесна температура од 36,7°C, телото потешко се лади, што може да доведе до сериозни здравствени проблеми. Избегнување изложување на сонце од 11 до 17 часот.

Особено загрозени се лицата над 60 години, децата, бремените жени, хронично болните, лицата со дебелина, ментални нарушувања и оние кои примаат специфични терапии. Ризикот е зголемен и за оние што работат или престојуваат на отворено во најжешките делови од денот.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести