Изложба на Марина Убавкова во Париз

„На 26 ноември во просториите на Cité Internationale des Arts – Париз се отвори  изложбата „Steps Into Time: The Rhythm Within“ на уметницата Марина Убавкова.

На изложбата, која ќе трае до 26 декември, меѓу бројните присутни гости, поддршка даде и амбасадорот Игор Николов.

Убавкова е архитект и визуелен уметник со магистерски студии по Архитектура и Ликовна уметност и богато искуство во архитектонскиот дизајн, визуелните уметности и академската работа. Во моментов престојува во Париз на двомесечна резиденција во Cité Internationale des Arts, која трае до 26 декември 2025 година.

Нејзината резиденција е поддржана од Министерството за култура, како и од големата европска програма „Culture and Creativity for the Western Balkan Countries“, финансирана од Европската Унија и имплементирана од UNESCO, British Council и Италијанската агенција за развојна соработка (AICS).

Овој престижен програм има за цел да ги зајакне културните и креативните сектори на Западен Балкан преку грантови, менторства, програми за развој на капацитети и регионална соработка.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести