Помина Извештајот на ЕП за Македонија, не помина амандман пред македонски јазик да стои „модерен“

Денеска на Комитетот за надворешни работи на Европскиот парламент (ЕП) помина Извештајот за Македонија за 2023 и 2024 година, на известувачот за земјава, австрискиот европратеник, Томас Вајц.

За истиот „за“ гласа 40 европратеници, 19 гласаа „против“, а 10 беа „воздржани“.

Како што е познато во истиот на неколку места има референци за признавање на македонскиот јазик и идентитет.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кои европратеници бараат македонскиот идентитет и јазик да бидат вметнати во Извештајот на ЕП за Македонија

Пред гласањето, германскиот европратеник Михаил Галер од ЦДУ, која е дел од групата Европска народна партија (од која дел е и владејачката ВМРО-ДПМНЕ), предложи амандман во кој пред терминот „македонски јазик и идентитет” се додава „модерен”.

Овој амандман не беше ставен на гласање бидејќи против тоа се изјаснија шестмина европратеници.

Но, истиот како што најави Галер, заедно со подршка на групите Социјалисти и демократи (од која дел е опозициската СДСМ), Обнова и Зелените, ќе биде предложен на пленарната седница на ЕП каде што треба конечно да биде усвоен Извештајот за Македонија, а истата треба да се одржи од 7 до 10. јули.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Што бараат бугарските и грчките европратеници да биде вметнато во извештајот на ЕП за Македонија

Бугарски европратеник со амандман го дефинира македонскиот идентитет и јазик како сегашен

Фото: Игор Бансколиев

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести