Државниот завод за статистика соопшти дека вкупната вредност на извозот на стоки од Македонија, во периодот јануари – октомври 2025 година, изнесува 413.102 милиони денари и бележи пораст од 2.26% во однос на истиот период од претходната година.
Вредноста на увезената стока, пак за истиот период изнесува 589.092.3 милиони денари, што е за 4.16% повеќе во споредба со истиот период од претходната година.
Трговската размена по производи според Стандардната меѓународна трговска класификација покажува дека во извозот најголемо е учеството на: катализаторите на носачи со благородни метали или нивни соединенија, сетовите на проводници за палење и слично, за возила, авиони или бродови, деловите на седишта од подгрупата 821.1 и други катализатори на носачи.
Во увозот најмногу се застапени: нафтените масла и маслата добиени од битуменозни минерали (освен сурови), другите метали од платинската група и нивни легури, необработени или во облик на прав, платината и легурите на платина, необработени или во прав и други моторни возила за пренос на лица.
Во периодот јануари – октомври 2025 година, според вкупниот обем на надворешно-трговската размена, најмногу се тргувало со Германија, Велика Британија, Кина, Грција и Србија, кои учествуваат со 47.6% во вкупниот обем на размената.
Земјите членки на Европската унија учествуваат со 59.4% во вкупната размена.
Фото: еМагазин














