Судијата од Апелациониот суд Скопје, Ѓоко Ристов, останува во фокусот на јавноста, откако во домот на неговите родители во Неготино во ѕид, беа најдени 350 илјади евра.
Тој е осомничен за „противправно стекнување и прикривање имот“ и „перење пари и други приноси од казниво дело“, и заврши во куќен притвор, а остана и без пасош и судски имунитет.
Пред неколку дена од Основното јавно обвинителство за гонење и организиран криминал и корупција, кое ја води истрагата, детално објаснија како ги нашле парите.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Како биле откриени 350. илјади евра во домот на судијата Ѓоко Ристов
Претрес е правен на три локации. Во неговиот стан во Скопје, во домот на неговите родители во Неготино, каде парите се најдени по втор обид и во негова викендица.
Викендицата ја нема во неговиот анкетен лист, кој го доставил до Антикорупциската комисија кога станал судија во Апелација.

Пријавил и две возила и два кредити.
Неговата одбрана пак тврди дека парите не биле негови, туку на неговите родители, а ги заработиле од продажба на имот за поставување на фотоволтаици.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Судијата Ѓоко Ристов остана без имунитет и пасош, оди во куќен притвор
На кои случаеви работел судијата Ѓоко Ристов во чиј дом беа најдени 350 илјади евра
Фото: Унсплеш














