На друштвата ТЕАЛ АД Тетово, ГТЦ АД Скопје, РЖ Интер-Трансшпед АД Скопје и Силекс АД Кратово, чии хартии од вредност котираат на Официјалниот пазар на Берзата, им се изрекува мерката јавна опомена преку интернет страната на Берзата поради необјавување на ревидирани финансиски извештаи и годишен извештај за работењето, усвоени од Собранието на акционери, со што Друштвата не постапија согласно член 40, став 1 од Правилата за котација, информираат од Македонската берза.
-На друштвoтo Пелистерка АД Скопје, чии хартии од вредност котираат на Официјалниот пазар на Берзата, му се изрекува мерката јавна опомена преку интернет страната на Берзата поради необјавување на неревидиран консолидиран Биланс на успех – за периодот 01.01.2026-31.03.2026 година, со што Друштвото не постапи согласно член 40, точка 2 од Правилата за котација, велат од таму.














