Во сообраќајна несреќе вчера загина едно лице. Истата се случи на патот Прилеп – Градско, кај превојот Плетвар во близина на селото Ореовец.
Засега нема информации за неговиот идентитет и повеќе детали, а од Секторот за внатрешни работи (СВР) Битола потврдија дека товарно возило излетало од патот.
На социјалните мрежи беше објавено видео од несреќата на кое се гледа превртен камион кој пренесувал песок.
Повеќе детали се очекуваат денес.
Видео: facebooк/revolucioner/фото: Унсплеш














