58-годишен маж е загинатиот во сообраќајката на патот Градско – Прилеп

Маж на возраст од 58 години е загинатото лице во сообраќајната несреќа што се случи вчера на магистралниот пат Градско – Прилеп, кај селото Ореовец.

Станува збор за С.А. од Битола, кој починал откако товарно возило „мерцедес” со приклучно возило, кое го управувал, излетало од патот, информираа од Секторот за внатрешни работи (СВР) Битола.

Смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош Прилеп.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Едно лице загина во сообраќајка на патот Прилеп – Градско

Фото: Унсплеш

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести