Основните дигитални вештини остануваат темел и во ерата на вештачката интелигенција, вели Арек Јаворски, регионален директор на Certiport за Европа и Централна Азија

Дигиталните вештини денес се меѓу најважните предуслови за образовен и професионален успех на младите. Во време кога технологијата и вештачката интелигенција сè побрзо го менуваат начинот на кој учиме и работиме, способноста за ефикасно користење на дигиталните алатки станува неопходна. Токму затоа програмите за сертификација и натпреварите што ги препознаваат и наградуваат овие знаења имаат сè поголемо значење.

Microsoft Office Specialist World Championship е еден од најпрестижните светски натпревари за ученици и студенти кои поседуваат напредни вештини за користење на Microsoft Office алатките. Со години, СемосЕдукација е организатор на националниот натпревар во Македонија и им овозможува на најдобрите ученици да ја претставуваат земјата на светската сцена.

За значењето на ваквите иницијативи, улогата на меѓународно признатите сертификати и вештините што ќе бидат клучни за идните генерации, разговаравме со Арек Јаворски, регионален директор на Certiport за Европа и Централна Азија.

Семос Едукација веќе долги години го организира натпреварот Microsoft Office Specialist во Македонија. Од ваша перспектива, колку е важно да се имаат локални партнери како Семос Едукација во препознавањето, развојот и поддршката на младите со потенцијал во областа на дигиталните технологии?

– Семос Едукација има исклучително важна улога во препознавањето и развојот потенцијалот на младите со напредни дигитални вештини. Преку CertiAdria, која е дел од Семос Едукација, тие тесно соработуваат со ученици, наставници и училишта и имаат одличен увид во тоа каде се препознава талентот и како најдобро да се поддржи неговиот развој. Нивната долгогодишна посветеност придонесе за создавање генерации млади луѓе со силни дигитални компетенции во Македонија, а тоа јасно се гледа во квалитетот на учениците кои учествуваат во програмата.

Какви можности им носи учеството на Microsoft Office Specialist World Championship на учениците, надвор од самиот натпревар, во однос на личниот развој, стекнувањето меѓународни искуства и нивниот понатамошен образовен и професионален развој?

– Натпреварот е само почеток. Она што навистина се издвојува е самодовербата што учениците ја стекнуваат кога нивното знаење и вештини ќе бидат препознаени и потврдени на едно вакво ниво. Истовремено, тие добиваат можност да бидат дел од меѓународна средина и да се запознаат со врсници од различни земји, што за многумина претставува уникатно животно искуство. Дополнително, MOS сертификатот и учеството на светското првенство претставуваат значајна предност во нивното понатамошно образование и кариера, отворајќи можности за практикантства, академски напредок и први професионални ангажмани.

Што значи за Македонија да биде дел од глобален натпревар кој ги обединува најдобрите познавачи на Microsoft Office од целиот свет?

– Тоа е можност Македонија да се претстави на меѓународната сцена во едно многу поинакво и позитивно светло. Не станува збор само за образовни политики или стратегии, туку за реални резултати и млади луѓе кои се натпреваруваат на светско ниво. Ваквите натпревари создаваат чувство на гордост и истовремено ги мотивираат младите да размислуваат поамбициозно за сопствената иднина. Кога учениците ќе видат дека некој од нивното училиште или град успеал да стигне до светската сцена, тоа ги охрабрува и самите да веруваат дека можат да постигнат сличен успех.

Со оглед на тоа што вештачката интелигенција сè повеќе ги менува образованието и начинот на работа, зошто основните вештини за користење на Microsoft Office и дигиталните алатки за продуктивност и понатаму се важни за младите?

– Вештачката интелигенција се развива со голема брзина, но основните дигитални вештини и понатаму остануваат клучни. За ефикасно користење на AI алатките потребно е да се знае како да се организираат информации, да се анализираат податоци и јасно да се презентираат идеи, а тоа се токму такви вештини што се развиваат преку користење на Word, Excel и PowerPoint. Овие алатки и понатаму се составен дел од секојдневната работа во најголем дел од организациите. Не станува збор за застарени вештини, туку за основа врз која се надградуваат сите понови технологии, вклучително и вештачката интелигенција.

Глобално признатите сертификати постојано се развиваат. Како Microsoft Office Specialist сертификатот се приспособува на денешниот свет, во кој вештачката интелигенција и дигиталната трансформација сè повеќе го менуваат начинот на кој учиме и работиме?

– Microsoft Office Specialist отсекогаш бил насочен кон практичната примена на знаењата, а токму тоа и денес е негова најголема предност. Испитите се базираат на извршување реални задачи во самите апликации, што значи дека кандидатите не одговараат само на теоретски прашања, туку покажуваат како ги користат алатките во пракса. Во исто време, програмата континуирано се усогласува со развојот на Microsoft 365 и со современите начини на работа. Сè поголем акцент се става и на сценарија што се засноваат на реални работни ситуации, што придонесува сертификатот да остане релевантен и во работна средина во која вештачката интелигенција има сè поголема улога.

Од ваша перспектива, како сертификатите како Microsoft Office Specialist влијаат врз самодовербата на младите и нивната подготвеност за успешен почеток и развој на кариерата во сè поконкурентен пазар на труд?

– Една од најголемите вредности на MOS сертификатот е тоа што на младите им дава конкретна и меѓународно признаена потврда за нивните вештини. Не станува збор само за тоа некој да каже дека знае да работи во Excel или Word, туку за доказ дека тие знаења може и практично да ги примени. Тоа природно придонесува за поголема самодоверба, но и претставува значајна предност кога младите ќе почнат да бараат можности за пракса, понатамошно образование или работа. Работодавците го препознаваат сертификатот и имаат доверба во вештините што тој ги потврдува. Во сè поконкурентен пазар на труд, ваквите меѓународно признати квалификации можат да направат вистинска разлика и да им дадат предност на младите уште на самиот почеток од нивната кариера.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести